Жељко Обрадовиќ е нов тренер на Панатинаикос, атинскиот гигант го официјализираше тоа, и се чини дека познатиот српски тренер не губи време кога станува збор за градење на тимот за следната сезона.
Грчките медиуми тврдат дека и пред да биде официјално назначен, Жељко Обрадовиќ веќе го поканил Богдан Богдановиќ да го носи зелениот дрес.
Познато е дека Жељко и Богдан имаат одличен однос уште од времето кога работеа заедно во Фенербахче и ја освоија Евролигата со истанбулскиот клуб, па по девет години и тој голем успех, би можеле да ја обноват соработката. Во исто време, Богдановиќ би требало да се врати од НБА во Евролигата, доколку нема конкретни понуди од најсилната кошаркарска лига во светот.
Според информациите што доаѓаат од Грција, Богдановиќ му рекол на Жељко Обрадовиќ дека Лос Анџелес Клиперс веќе го информирале дека ќе го отпуштат до крајот на јуни, бидејќи повеќе не сметаат на него и немаат намера да му ги платат 16.020.000 долари, колку што е неговиот договор за следната сезона. Тие имаат тимска опција за Богдановиќ, која имаат право да ја одбијат, што и ќе го сторат. Богдан ќе стане слободен агент и ќе почека до 15 јули да види дали ќе добие понуди од НБА, бидејќи се надева дека ќе одигра барем уште една сезона за да обезбеди доживотна пензија од најсилната кошаркарска лига во светот.
Сето тоа наведува на заклучок дека ветеранот би останал уште една година во НБА, па макар и да мора да ја преседи на клупата, како што беше случај и со штотуку завршената. Ако, сепак, не излезе ни таква можност, Панатинаикос и Обрадовиќ се подготвени да влезат во игра за неговиот потпис.


