Жељко Обрадовиќ денеска напладне официјално ќе биде претставен како нов тренер на Панатинаикос, а пред да се случи тоа, грчките медиуми го објавија и неговиот стручен штаб.
Според нив, трофејниот стручњак во Атина ги носи своите помошници од Партизан Хозе Марија Изкиердо и Александар Матовиќ. Помошен тренер ќе биде и Влада Андроиќ кој голем дел од својата кариера го помина под водство на Обрадовиќ.
Се очекува Мајк Батист и Василис Ксантопулос да се приклучат на тренерскиот штаб, а најголемо изненадување е грчкиот легендарен кошаркар Димитрис Дијамантидис кој најверојатно ќе има административна улога.
Со сите нив заедно, Обрадовиќ ќе се обиде да дојде до својата десетта титула во Евролигата во кариерата и со тоа дефинитивно да ја заокружи својата неверојатна тренерска кариера.


