Славниот српски стручњак Жељко Обрадовиќ доби фантастичен пречек од навивачите на Панатинаикос, на враќањето на тренерската позиција во атинскиот клуб, 14 години откако си замина.
За неговото име се врзани пет титули во Евролигата, па јасно е зошто и по речиси деценија и пол од разделбата, тој се уште е омилен кај фановите на ПАО.
Денеска се одржа официјалната промоција на Обрадовиќ во Панатинаикос, а трибините на Олимписката арена во Атина, каде што играат „зелените“ гореа од факелите со кои навивачите го одбележаа враќањето на „кралот“.


