Американскиот кошаркар Ди Џеј Стјуарт ќе биде дел од македонската репрезентација на последните два меча од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Нашиот национален тим го очекуваат дуели со Ирска и Луксембург на почетокот на јули и ако се биде во ред, Ди Џеј Стјуарт од Олимпија Љубљана ќе биде дел од составот на Жосеп Марија Берокал. Процедурата околу добивање македонски пасош заврши денеска и тој веќе е во Скопје каде денеска тренираше.
Стјуарт ги покрива бековските позиции, висок е 196 сантиметри, а во Европа од 2023 година кога потпиша за Олимпија и оттогаш го носи дресот на овој клуб. Претходно играл во американските лиги, како и во Доминиканска Република.
На тренинзите на репрезентацијата се приклучува и Андреј Јакимовски, па тимот полека се комплетира, на десет дена пред натпреварот против Ирска на домашен терен.


