Извесно е дека во следните два дена Јанис Адетокунбо ќе има нов тим, а како најсериозни кандидати за неговиот потпис се водат Мајами Хит и Бостон Селтикс.
Сепак, денеска во трката се вклучи уште една екипа – актуелниот НБА вицешампион Сан Антонио Спарс. Никој не очекуваше франшизата од Тексас да тргне по грчкиот ас, но американските медиуми тврдат дека Спарс, всушност, имаат исклучително интересно и поволна понуда.
Тие се подготвени да се откажат од Диерон Фокс, Келдон Џонсон, Картер Брајант, 20. пик на годинешниот драфт, пик во првата рунда во 2027 и уште два пика следните години, исто така од првата рунда. Фокс се чинеше дека е недопирлив и дека, заедно со Вембанјама, ќе биде столбот на новиот проект на Сан Антонио, но по се изгледа скапо ќе го чини лошиот настап во финалето од плејофот оваа сезона. Освен тоа, има исклучително висока плата и Спарс сакаат да се откачат од неа.
Љубителите на кошаркарта во САД уште сега се возбудени од можноста Вембанјама и Адетокунбо да играат во иста екипа. Дали ќе се случи тоа, би требало да се знае најдоцна до утре вечер.


