Со заминувањето на Јанис Адетокунбо и Боби Портис во Мајами Хит, официјално е растурен шампионскиот тим на Милвоки Бакс од 2021 година.
Пред точно пет години, франшизата од Висконсин најавуваше почеток на династија со оглед на тоа што го имаше, во тој период, најдобриот кошаркар во НБА, двоен освојувач на МВП признанието. Сепак, од тоа не остана ништо и Милвоки од ова лето почнува нова ера со голем прашалник дали ќе успее некогаш да го повтори големиот успех.

Од тој тим на Милвоки, Тиг, Такер и Форбс се веќе пензионирани, Сем Мерил игра во Кливленд, Донте Дивиченцо во Минесота, Брук Лопез во Клиперс, Џру Холидеј во Портланд, Крис Мидлтон во Далас, Џордан Нвора во Црвена Звезда, Пет Конатон, Тори Крег и Танасис Адетокунбо се слободни агенти и најверојатно ќе ја сменат средината летово. Спомнатите Јанис Адетокунбо и Портис продолжуваат во Мајами со кого ќе се обидат да дојдат до нова титула.
Таа 2021 година, Милвоки во финалето го совлада Феникс со 4-2 откако претходно беше подобар од Мајами (4-0), Бруклин (4-3) и Атланта (4-2).


