Некогашниот селектор на македонската репрезентација Заре Марковски по пауза аод две години повторно ќе води една екипа како тренер.
Денеска тој е назначен за нов шеф на стручниот штаб на романскиот прволигаш Крајова. За него тоа е враќање во Романија каде во 2017 и 2018 година беше селектор, а ќе го води тимот во кој од 2018 до 2021 година работеше Александар Тодоров.
Марковски е исклучително почитуван во романската кошарка, па и не чуди интересот за него. Еден од најуспешните македонски стручњаци во Македонија последен пат работеше во 2024 година кога го водеше италијанскиот прволигаш Пистоја.


