Еден од најдобрите европски центри во поновата историја Јан Весели вечерва го одигра последниот натпревар во својата професионална кариера.
Не беше среќен за него бидејќи неговата Барселона на домашен терен загуби од Валенсија и не успеа да ја освои шампионската титула во шпанското првенство, но Весели сепак беше бурно поздравен и од домашните и од гостинските навивачи во Блауграна. Со оглед на тоа што победникот беше решен уште на влезот на последната четвртина, Чави Пасквал го извади од игра на околу две минути пред крајот, за да добие стоечки овации од присутните.
HONOR A QUIEN HONOR MERECE, A QUIEN LO DIO TODO POR EL @FCBbasket 👏🏻👏🏻👏🏻
— DAZN España (@DAZN_ES) June 24, 2026
El Palau despide por todo lo alto a Jan Vesely en su adiós al baloncesto 🔵🔴#LigaEndesaxDAZN 🏀 pic.twitter.com/8eWLsGPynz
Кариерата на Весели траеше безмалку две децении, почна во словенечкиот Слован во 2007 гоодина, потоа играше за Партизан, Вашингтон Визардс, Денвер Нагетс, Фенербахе и Барселона чиј дрес го носеше последните четири сезони. Освои титула во Евролигата со Фенербахче во 2017, две години подоцна беше МВП на елитното европско натпреварување, а освои уште цел куп трофеи со сите клубови во кои настапуваше.
Enhorabuena por tu magnífica carrera, Jan Vesely 👏🏼 pic.twitter.com/D6BIdTBrp2
— Valencia Basket Club (@valenciabasket) June 24, 2026
Во играчка пензија заминува на 36-годишна возраст и како еден од најценетите кошаркари на стариот континент.


