Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски конечно донесе одлука во врска со својата иднина.
Еден од најдобрите македонски кошаркари во моментов, ќе ја продолжи својата кариера во Наполи кој веќе го потврди договорот со 25-годишниот кошаркар. Јакимовски се сели во Наполи од уште еден италијански прволигаш – Тренто каде ја помина својата прва сезона во сениорската кошарка во Европа.
Нашиот кошаркар ќе биде трето засилување за Наполи по Марко Спису и Зек Спејас, а ќе настапува како домашен играч бидејќи во Италија ги помина јуниорските денови и одигра доволно натпревари за да има таква опција.
Наполи претстојната сезона ќе учествува во Еврокупот што значи дека Јакимовски повторно ќе учествува во натпреварувањето во кое остави одличен впечаток во дресот на Тренто. Во конкуренција за неговиот потпис беа уште Рома и Валенсија, но нему најмногу му се допадна проектот на Наполи.


