Евролигата и идната сезона ќе има 20 клуба, но сепак ќе има една промена во составот на екипите.
Раководството на оваа организација формално го потврди преминувањето на Монако во Еврокупот поради финансиската криза на клубот и го именуваше Бешикташ за наследник на „кнезовите“ следната сезона. Бешикташ е поразен финалист на Еврокупот, но Бурж се откажа од можноста да игра во Евролигата, а на Турците им се исполни големата желба да се најдат во елитата.
На собранието на акционерите едногласно беше прифатено дека Бешикташ ќе се врати во елитата, за првпат од сезоната 2012/13.
Ова значи дека покрај Бешикташ, учесници во Евролигата следната сезона ќе бидат: Ефес, Асвел, Басконија, Дубаи, Олимпија Милано, Барселона, Баерн, Фенербахче, Хапоел Тел Авив, Партизан, Црвена Звезда, Макаби Тел Авив, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Реал, Валенсија, Виртус и Жалгирис.
Евролигата планира да се прошири на 24 клуба и да се подели на конференции почнувајќи од сезоната 2027/28, но списокот на учесници ќе зависи од евентуалното враќање на Монако, додавањето на Абу Даби и потенцијалното враќање на руските клубови во натпреварувањето доколку наскоро заврши воениот конфликт во Украина.


