Трофејниот италијански стручњак Серџо Скариоло би можел наскоро да добие отказ од Реал, како последица на очајната сезона во која не освои ниеден трофеј, тврди Марка.
Тоа е сосема спротивна ситуација на онаа од деновите по победата на Флорентино Перез на претседателските избори кои изјави дека му простува на Скариоло и дека му дава втора шанса. Во меѓувреме се сменија речиси сите функционери во кошаркарската секција на Реал, па не беше возможно тие да ја преземат својата одговорност, а само Скариоло да остане „невин“ за она што се случи.
Главниот збор за судбината на Италијанецот го има повратникот на раководната функција на кошаркарската секција Хуан Карлос Санчез кој претходно беше творец на шампионскиот тим на Реал што, со мали прекини, доминираше во шпанската кошарка, па и во Европа од 2015 година до лани.
Засега е неизвесно кој би можел да го замени Скариоло на функцијата ако навистина добие отказ, но секако има голем број слободни тренери на пазарот и тоа не би претставувал голам проблем.


