Цела една петорка си замина денеска од Барселона со што официјално почнува реконструкцијата во каталонскиот клуб.
Од позвучните имиња, од Барса си заминаа Томаш Саторански и Вили Ернангомес, а заедно со нив, си одат уште Хуани Маркос, Мајлс Норис и Мајлс Кејл. Саторански беше и капитен на екипата и играч со најголем стаж бидејќи играше во Барселона од 2014 до 2016 и од 2022 до 2026 година.
Засега е сигурно само дека „каталонците“ ќе се засилат со потенцијалниот македонски репрезентативец Мозес Рајт кој и самиот објави дека се сели во Барса. Покрај егзодусот во играчкиот кадар, Барселона во новата сезона ќе влезе и со нов тренер бидејќи Чави Пасквал официјално си оди оттаму.


