Леброн Џејмс ги напушта Лос Анџелес Лејкерс, по осум години поминати во тимот и ќе ја продолжи својата НБА кариера на друго место.
Информацијата прво ја објавија американските инсајдери, но веднаш потоа ја потврди Лос Анџелес Лејкерс кој се прости од една од своите најголеми ѕвезди во историјата. Ова практично значи крај на една голема ера во Лос Анџелес, каде што Леброн пристигна во 2018 година и ја освои титулата во НБА со Лејкерс во 2020 година.
Иако веќе е во доцните години на играње (41), Џејмс, сепак, нема намера да ја заврши кариерата. Напротив, тој одлучи да продолжи да игра, но повеќе не во дресот на Лејкерс.
Thank you, LeBron 💜💛 pic.twitter.com/SW910ZVqSu
— Los Angeles Lakers (@Lakers) June 30, 2026
Одлуката доаѓа во време кога клубот влегува во нова фаза и се обидува да најде насока за иднината, додека заминувањето на Леброн целосно ќе го промени имиџот на тимот, а сега апсолутно сите очи ќе бидат насочени кон Лука Дончиќ, до одреден степен и кон Остин Ривс. Дури и на 41 година, тој остана еден од елитните играчи во лигата минатата сезона, со просек од 20,9 поени, 6,1 скока и 7,2 асистенции, а воедно им помогна на Лејкерс да го обезбедат четвртото место на Западот и да се пласираат во втората рунда од плејофот.
Сè уште не е познато каде Џејмс ќе ја продолжи својата кариера, но е јасно дека неговиот следен потег ќе биде една од најголемите приказни на летото во НБА. Најзаинтересиран за него е Голден Стејт кој сака да го спои Леброн со Стеф Кари и Дрејмонд Грин, но прашање е дали има доволно пари за да го направи тоа.


