Легендарниот македонски центар Предраг Самарџиски од синоќа официјално е во младата репрезентација која за десетина дена ја очекува настап на Европското првенство Б-дивизија во Братислава.
Членот на генерацијата што го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија пред 15 години за првпат ќе биде во улога на член на стручниот штаб и ќе може своето богато искуство да им го пренесе на младите кошаркари. Последниот период тој работи во Кина, исто така со младински категории, а сега ќе му помага на селекторот Никола Велев, заедно со Марко Докузовски кој е дел од стручниот штаб.
Европското првенство Б-дивизија почнува на 10 јули, а Македонија е во група со домаќинот Словачка, потоа Ирска, Шведска и Азербејџан.


