Повеќенеделните шпекулации за иднината на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ денеска добија потврда.
Довчерашниот играч на Зенит, односно Баерн каде настапуваше како позајмен играч, потпиша двегодишен договор со грчкиот прволигаш Арис и тоа на инсистирање на новиот тренер Василис Спанулис. Димитријевиќ ќе биде една од ѕвездите во тимот, со оглед на неговото минато и кариерата помината во Хувентут, Валенсија, Уникс, Олимпија Милано, Зенит и Баерн.
Арис во новата сезона ќе учествува во Еврокупот, а во грчкото првенство ќе се обиде да им ги помати сметките на гигантите Олимпијакос и Панатинаикос. Преку Еврокупот ќе се обиде да стане трет грчки тим во Евролигата!


