Италијанскиот стручњак и поранешен селектор на Шпанија, Серџо Скариоло од денеска не е тренер на Реал Мадрид откако ја прекина соработката со овој клуб.
Официјалната верзија во соопштението на Реал е дека двете страни спогодбено се разделуваат, но уште пред неколку дена клубот почна да бара замена за Скариоло. Единствената дилема беше околу отштетата бидејќи Скариоло имаше договор на уште три сезони и со раководството на Реал требаше да се затвори тоа прашање.
👏 Gracias, @sergioscariolo 👏 pic.twitter.com/x8g5j4ByZd
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) July 2, 2026
Вакво сценарио беше очекувано ако се знае дека Реал Мадрид не успеа да освои трофеј последната сезона иако играше во дури три финалиња. Капак на се беше елиминацијата во домашниот плејоф уште во четвртфиналето од екипата на Тенерифе. Претседарелот Флорентино Перез прво му даде поддршка на Скариоло, но менаџментот на кошаркарската секција го убеди дека треба да дојде до промена на тренерската позиција.
Многу веројатно, за наследник на Скариоло ќе биде назначен досегашниот тренер на Валенсија, Педро Мартинез со кого, наводно, се договорени сите услови и тој ќе потпише тригодишен договор за плата од 1,2 милиони евра по сезона.


