Репрезентацијата на Србија се врати на победнички патеки по двата пораза по ред од Турција, доживеани на квалификциските дуели за Светското првенство, одиграни во февруари и март.
Засилени со Никола Јокиќ, „орлите“ без проблеми славеа на гостувањето во Швајцарија со 97-73 со тоа што во второто полувреме прими само 29 поени. Јокиќ беше прва ѕвезда на мечот со 22 поена, 14 скока и седум асистенции, а 22 поена постигна уште еден НБА играч во редовите на српската репрезентација – Никола Јовиќ.
Во вторник, Србија го игра последниот натпревар од првата квалификациска рунда против БиХ која вечерва на домашен терен загуби од Турција со 75-82.
Изненадувањето на денот го направи Романија која пред своите навивачи беше подобра од Грција со 73-66.
Standings provided by Sofascore


