Македонскиот репрезентативец Андреј Митревски утринава тргна за САД каде ќе ја продолжи својата кариера.
Довчерашниот играч на Пелистер во новата сезона ќе биде член на кошаркарскиот тим на Универзитетот Пасифик од Стоктон, Калифорнија, во НЦАА лигата.
Митревски е еден од плејадата млади македонски кошаркари кои ова лето обезбедија договори во НЦАА, како Теодор Симиќ, Димитар Зетов, Марко Луканоски итн.


