Додека се подготвува за последниот натпревар од воведната претквалификациска рунда, македонската репрезентација дозна дел од ривалите со кои може да се сретне во следната фаза.
Тие доаѓаат од квалификациите за Светското првенство, а пред одигрувањето на последното коло, утре и задутре, познати се четири од вкупно осумте репрезентации кои се приклучуваат во втората претквалификациска рунда за Европското првенство во 2029 година. Можни противници на Македонија се Белгија, Кипар, Данска и Швајцарија кои веќе испаднаа од квалификациите за Мундијалот иако имаат да одиграат уште еден натпревар.
Останатите четири ќе бидат познати до понеделник кога официјално завршува првиот сегмент од квалификациите за Светското првенство. Ждрепката за втората фаза од претквалификациите за Еуробаскетот ќе се одржи на 15 јули.


