Шпанскиот стручњак Жосеп Марија Берокал, кој од февруари годинава е селектор на македонската репрезентација, во иднина ќе има уште еден ангажман.
Наскоро тој ќе биде дел од стручниот штаб на еден тамошен прволигаш каде што ќе работи како помошен тренер. Тоа не значи дека ја напушта македонската репрезентација, туку и во иднина ќе ја извршува селекторската функција на која засега има голем успех.
Со своето големо искуство во врни европски клубови, Берокал треба да помогне во остварување целите на својот нов тим, кои секако се големи.


