Група од десетина Македонци кои живеат во Луксембург и околните земји, денеска ќе ја поддржат македонската кошаркарска репрезентација која попладнево го игра последниот натпревар од првата претквалификациска фаза за Европското првенство.
Со оглед на тоа што мечот нема резултатско значење, интересот од домашната јавност не е многу голем, но македонските „гастарбајтери“ не ја пропуштаат ретката можност во живо да ја гледаат кошаркарската репрезентација.
Со македонски обележја, дел од нив веќе пристигнаа во Кок арената каде ќе се игра натпреварот, а до почетокот на мечот се очекуваат уште неколкумина.


