Германскиот репрезентативец Исак Бонга вчера официјално си замина од Партизан откако ја плати откупната клаузула и сега е слободен да си бара нова средина.
Интересот за него е огромен, по потписот на фантастичниот крилен играч тргнаа Реал, Барселона, Фенербахче… но, по се изгледа тој ќе ја продолжи кариерата во Панатинаикос каде би работел со својот поранешен тренер од Партизан, Жељко Обрадовиќ. Грчкиот тим кој имаше лоша сезона, сака да се врати на врвот во домашната и европската кошарка за што е ангажиран Обрадовиќ, па во следниот период гокусот ќе биде ставен на засилувањата.
Клубот не жали пари, за тригодишен договор на Германецот нуди вкупно десет милиони евра што е многу поголема сума од онаа што ја заработуваше во Партизан. Грците веќе пишуваат дека двете страни се пред договор и работата може да биде завршена во следните денови.


