Ждрепката за втората фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година ќе биде полудиригирана откако ФИБА денеска ги распредели по групи репрезентациите кои продолжуваат тука од квалификациите за Мундијалот.
Осумте репрезентации кои се враќаат чекор назад се поделни во четири групи, па на 16 јули ќе им бидат приклучени четирите селекции од првата претквалификациска фаза, меѓу кои е и Македонија. На прв поглед, најповолна би ни била групата Ф во која се Кипар и Австрија, можеби двете најслаби репрезентации во ова друштво.
Од друга страна, најтешко би ни било во групата Г, каде се Белгија и Чешка, две селекции кои со својот квалитет отскокнуваат од останатите. Не би било лошо и со Данска и Романија, додека понезгодна е групата со Швајцарија и Велика Британија.

Како и да биде, Македонија ќе биде слободна во првото коло што се игра на 27 август и ќе го стартува вториот претквалификациски циклус од второто коло, четири дена подоцна, на гостински терен. Таму би играле со Романија, Велика Британија, Австрија или Чешка, во зависност од тоа во која група ќе се падне нашата репрезентација.


