Откако остана без половина екипа, како и без тренерот, Валенсија почна да го обновува ростерот во пресрет на новата сезона.
Денеска беше ангажиран нов тренер во Чави Алберт, а неколку часа подоцна и третото засилување. По Гонсало Корбала и Дилан Осетковски, во Валенсија доаѓа и македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со што се остваруваат најавите од претходните недели.
#GràciesIShorts🧡
— Valencia Basket Club (@valenciabasket) July 7, 2026
Cas 👉 @TjShorts5 coge el timón de Valencia Baskethttps://t.co/iz4U57s42r
Val 👉 TJ Shorts agafa el timó de Valencia Baskethttps://t.co/IcUSyFpqI4
Eng 👉 TJ Shorts takes the helm at Valencia Baskethttps://t.co/MT2s2vMuXV pic.twitter.com/SVHmhbpIxq
Плејмејкерот потпиша договор на две сезони, а доаѓа како слободен играч откако Панатинаикос го раскина договорот со него. Неговиот премин во Валенсија беше договорен уште додека на тренеската клупа седеше Педро Мартинез, па останува да се види како ќе реагира на стилот на игра на новиот шеф на стручниот штаб, но нема сомнение дека Шортс повторно ќе биде една од главните ѕвезди во тимот, како во Париз и Телеком Бон.
Валенсија во новата сезона ќе има тотално нов тим бидејќи заедно со тренерот си заминаа: Прадиља, Монтеро, Лопес-Аростеги, Де Лареа, Ки, Ногес и Томпсон.


