Македонската У18 репрезентација со победа ја почна серијата подготвителни натпревари пред Европското првенство Б-дивизија што се игра кон крајот на овој месец.
Попладнево во Кале, јуниорите го совладаа Косово со 90-87, благодарение на големиот пресврт. На крајот од првата четвртина, гостите водеа со дури 20 разлика (34-14), но со подобра игра, македонската репрезентација успеа да го сврти резултатот во своја корист.
Постепено се топеше предноста на Косово, па на стартот на последната четвртина, Македонија веќе поведе со 76-73 и нешто подоцна со 87-72. Во драматичниот финиш, нашите кошаркари успеаја да го сочуваат водството и да слават победа.
Цветковски со 18 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, Данев постигна 12, а Малиниќ 10.


