Откако пред два дена објави дека ќе учествува во ФИБА Европа купот, а вчера го промовира Лука Стојановски, шампионот МЗТ Скопје денеска го соопшти и името на првото засилување од странство.
Дресот на тимот од Аеродром ќе го облече 24-годишниот босански кошаркар Емир Крајиниќ (208 см) кој денеска официјално го потпиша договорот со македонскиот суперлигаш.
Крајиниќ игра на центарската позиција, одлично ја користи висината и брзината и добро се снаоѓа во рекетот, на двата краја од теренот. Кариерата ја почнал во Слобода Тузла, каде што играл во периодот помеѓу 2018 и 2024 година, потоа се преселил во Промо, каде што забележувал просек од 13 поени и 7,4 скока, додека минатата сезона ја мина во дресот на словенешниот прволигаш Златорог Лашко, исто имаше со солидни бројки зад своето име, од 12,5 поени и 7,1 скок.
МЗТ Скопје и натаму работи на засилување на тимот за новата сезона во која ќе игра во домашните натпреварувања, АБА 2 и ФИБА Европа купот.


