Македонските кошаркарски легенди Војдан и Дамјан Стојановски ја продолжија верноста кон актуелниот шампион и ќе го предводат тимот и во сезоната за што претстои.
Продолжувањето на соработката со нив беше еден од главните приоритети на управата во пресрет на новата сезона – задача која е реализирана, на голема радост на армијата навивачи на гордоста на Аеродром. За капитенот Дамјан ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес, во која ќе атакува на својата 12. шампионска титула – сите освоени со МЗТ Скопје. Пред Војдан, пак, е шеста сезона кај „штрковите“, откако во клубот дојде 2022 година.
Продолжувањето на соработката со браќата Стојановски е уште една потврда на клупската определба, тимот да биде предводен од најдобрите македонски кошаркари. Претходно, во клубот се врати репрезентативецот Лука Стојановски, а беше ангажиран и талентираниот босански интернационалец, Емир Крајиниќ.
Договори со МЗТ Скопје имаат уште Андреј Андоноски и Марин Петков, а до крајот на овој месец се очекува да биде комплетиран составот.


