Пред околу две недели, Мозес Рајт самиот објави дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона и дека има договор со каталонскиот клуб.
Сепак, како што стојат работите, тој воопшто нема да го облече дресот на „блауграна“ бидејќи планира да ја активира откупната клаузула, самиот да ја плати отштетата од 900 илјади евра и среќата да ја бара на друго место. Причина за таквиот негов потег е неизвесноста што владее во Барселона која го ослободи безмалку цел тим, а се уште нема ни тренер, ни доволно играчи за новата сезона.
Како можна нова дестинација за Рајт се спомнува Олимпија Милано, каде би им се придружил на Девон Хол, Дариус Томпсон и Алек Питерс како засилувања за новата сезона.
Рајт неодамна доби македонско државјанство и сериозно конкурира за место во националниот тим за августовските натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Добивањето наше државјанство и му помогна да потпише со Барселона бидејќи ако останеше таму, немаше да зема место предвидено за странски кошаркар.


