По вчерашната победа против Словачка, македонската младинска репрезентација денеска ја очекува мечот од второто коло на Европското првенство Б-дивизија во Братислава. Противник е Ирска, натпреварот почнува во 13:30 часот, а евентуална победа ќе ни ги отвори ширум вратите кон пласманот во четвртфиналето.


