Пред македонската репрезентација се два слободни дена на Европското првенство Б-дивизија во Братислава, откако досега одигра два натпревара и запиша по една победа и пораз.
Секако дека е болен поразот од Ирска во второто коло, но шансите за пласман во нокаут фазата се уште постојат. Она што е евидентно досега е дека македонската репрезентација функционира како колектив и нема играчи кои отскокннуваат иако е јасно дека овој тим си има свои лидери.
Меѓу нив е плејмејкерот Сергеј Младеновски кој по првите две кола се наоѓа на третото место по бројот на асистенции на првенството. Досега оствари вкупно 13 и со просек од 6,5 се наоѓа зад Доријан Гросбер од Луксембург и Јехор Сушкин од Украина.
Негативната страна од играта на Младеновски се загубените топки бидејќи во моментов е на делба на четвртото место во оваа статистичка категорија. Има вкупно десет или во просек по пет на натпревар.


