Досегашниот кошаркар на Монако, Алфа Диало во новата сезона ќе го носи дресот на Денвер Нагетс и треба да биде сериозно засилување за НБА шампионот од 2023 година.
Диало официјално е најдобриот дефанзивец во Евролигата за последната сезона. Тој потпиша едногодишен договор вреден 1,4 милиони долари и сепак ќе заигра во НБА откако на драфтот во 2020 година не беше избран.
Во 2020/21 во Грција во Лаврио, а од 2021 година е во Монако. Со овој тим освои три шампионски титули, два купа и двапати играше на Фајналфорот на Евролигата.


