Составот на Панатинаикос за следната сезона, кој ќе го предводи Жељко Обрадовиќ, полека се комплетира и веќе е јасно дека српскиот тренер ќе ја има најскапата петорка во историјата на Евролигата.
Панатанаикос одлично се снајде ова лето, го врати на Жељко Обрадовиќ на кормилото, а Димитрис Јанакопулос се погрижи да му обезбеди на стратегот и одличен буџет и одлични играчи. Поточно, најскапата петорка во историјата на Евролигата, откако тимот дополнително се засили со потпишувањето на Исак Бонга и Гершон Јабуселе.
Така, петте најскапи играчи на Панатинаикос ќе заработат над 18.000.000 евра, што е незамисливо за европските стандарди имајќи предвид дека на некои клубови вкупниот буџет им е помал. Ова дополнително го покажува напредокот и инвестирањето на сè повеќе пари во европската кошарка, како и фактот дека ПАО атакува на враќање на врвот во Европа.
Кендрик Нан и Најџел Хејс-Дејвис покриваат половина од оваа сума со 4.500.000 евра годишно, додека Гершон Јабуселе, кој пристигна по престој во НБА, ќе заработува 4.000.000 евра.
Матијас Лесор е најплатениот центар со плата од 2.700.000 евра, додека идеалната петорка ја комплетира Исак Бонга, кој во Атина ќе добива 2.200.000 евра. Кога сè ќе се собере, сумата е околу 18 милиони долари.
Интересно е тоа што втората најскапа стартна петорка ќе ја има Хапоел Тел Авив со сума од околу 16 милиони евра, од кои 4.700.000 оди кај Василије Мичиќ. Олимпијакос е околу 13 милиони, додека Реал е нешто помалку од десет.


