Речиси цела една екипа македонски кошаркари летово заминува во НЦАА лигата, а меѓу нив е и репрезентативецот Марин Петков.
Во новата сезона тој ќе биде член на кошаркарскиот тим на Универзитетот Охајо и тоа ќе биде нова, блескава страна во неговата професионална кариера. Таму заминува по три сезони поминати во МЗТ Скопје кој ќе има тешка задача да го надомести неговото отсуство на плејмејкерската позиција, со оглед на скратениот избор, пред се на домашни кошаркари во земјава.
Тимот на Охајо Бобкетс се натпреварува во Мид-Американ Конференцијата во НЦАА и последната сезона го освои осмото место со биланс 15/17. Дури десет пати низ историјата завршувал како првопласиран во конференцијата по основниот дел од сезоната, а игра во арена со капацитет од нешто над 13 илјади места.


