Американскиот центар Џонатан Мотли ќе биде нов играч на Црвена Звезда, објави денеска белградскиот клуб.
Тој пристигнува од Хапоел Тел Авив, каде што помина две сезони, а со тој клуб го освои Еврокупот. Токму додека израелскиот тим беше во тоа натпреварување, имаше голема контроверзност околу трансферот во Црвена Звезда.
Наводно, Црвена Звезда имала договор со него, но без амин на Хапоел. Мотли подоцна остана во израелскиот клуб, му беше простено што речиси сакаше да го „присили“ да го напушти Хапоел и на крајот заврши како шампион на Еврокупот. Ова беше само еден од неколкуте обиди на црвено-белите да го доведат овој играч.
Џонатан Мотли нови је центар КК Црвена звезда Меридианбет!
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) July 17, 2026
Мотли у наш клуб, са којим је потписао вишегодишњи уговор, стиже из Хапоела из Тел Авива, где је играо претходне две сезоне, а био је члан и Фенербахчеа, Локомотиве Кубан, Лос Анђелес Клиперса и Далас Маверикса.
Мотли… pic.twitter.com/B6b69OPsO0
Пред Хапоел, Мотли играше за Фенербахче, Локомотив Кубан, додека во НБА ги бранеше боите на Далас и Лос Анџелес Клиперс. Има 31 година и студирал на Универзитетот Бејлор.
Џонатан ќе биде замена за дупката во рекетот создадена со заминувањата на Џоел Боломбој, Хасиел Ривера и Донатас Мотејунас. Со оглед на неговите фантастични физички можност, Мотли ќе игра на центарската позиција покрај Ебука Изунду, кој се покажа како најдобро решение во тимот на крајот од минатата сезона.
Пред Мотли, Црвена Звезда го доведе Крис Џонс, исто така од Хапоел, како и Дејвид Крамер од Реал.


