Младата македонска репрезентација ќе се бори за деветтото место на Европското првенство Б-дивизија откако попладнево дојде до уште една убедлива победа.
По вчерашниот триумф против Грузија со 35 разлика, денеска нашите млади кошаркари ја растурија и Холандија со 89-60. Сега е уште поголема тагата за она лошо издание против Ирска минатата сезона кое место во четвртфиналето, ја однесе Македонија во борбата за пласман од деветтото до 16. место.
Македонската репрезентација лошо го почна натпреварот и првата четвртина ја заврши со негатива од седум разлика (16-23). Големиот пресврт се случи на стартот од вториот период, по серијата од 19-0 по која Македонија отиде на 35-25, а првиот кош во таа четвртина Холанѓаните го постигнаа во седмата минута. Пред крајот на првото и почетокот на второто полувреме следуваше уште една серија, сега од 15-0 и нашата репрезентација отиде на огромни 60-34 што ѝ овозможи мирен финиш и можност на селекторот Велев повторно да им даде минутажа на сите кошаркари.
Коста Ќирилоски беше најефикасен во македонската репрезентација со 18 поени, Марјановиќ додаде 12, а Петрушевскин и Димовски по десет. За деветтото место, Македонија ќе се бори утре против подобриот од вечерашниот дуел меѓу БиХ и Азербејџан.


