Еден од најдобрите и најискусни македонски арбитри Зоран Митровски ја доби честа да биде во судиската екипа што вечерва ќе го води финалниот меч од У20 Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Братислава.
Митровски е дел од судиската тројка во која се уште Алфонсо Оливарес Иглесијас од Шпанија и Николаос Циопанос од Грција. Во борбата за златото ќе играат Исланд и Украина, мечот почнува во 20:30 часот, а двете селекции веќе обезбедија пласман во А-дивизијата.
Ова е само уште едно големо признание за Зоран Митровски кому не му е првпат да суди финални натпревари на големите натпреварувања во младинска конкуренција.


