Претстојната сезона, Македонија повторно ќе има три претставници во АБА 2 лигата откако регионалната организација ја прифати апликацијата на Маџари.
Со тоа, актуелниот вицешампион ќе дебитира на меѓународна сцена, една година откако првпат заигра во елитната конкуренција во македонската кошарла. Во последен момент, АБА донесе одлука да се врати стариот систем на натпреварување, а втората лига, како никогаш досега, ќе брои 17 екипи.
Учесниците се поделени во четири групи со тоа што три имаа по четири, а една, пет екипи. ТФТ се најде во единствената групата со пет тима и за противници ги доби Слобода Тузла, Шенчур, Херцеговац и Подгорица.

Дебитантот Маџари е во групата А, со Војводина, Борац Бања Лука и Морнар, додека МЗТ Скопје за ривали ги доби Сутјеска, Слобода Ужице и Триглав.
Првопласираните екипи од секоја група одат директно во четвртфиналето, додека вториот и третиот одат во плејин. Четвртфиналето, полуфиналето и финалето се играат до две победи.


