Вицешампионот на АБА 2, ТФТ почна да го засилува ростерот во пресрет на новата натпреварувачка кампања во која повторно ќе има високи амбиции.
Прво засилување за тимот од Тафталиџе е американскиот интернационалец Накавион Вајт кому претстојната сезона ќе му биде прва во европската кошарка откако минатата ја помина на Универзитетот Џорџија Саутерн. Висок е 201 сантиметар, а на 37 натпревари минатата сезона просечно постигнувал по 9,7 поени, 3,1 скок и 2,3 асистенции.
За неговата сезона, најдобро зборува податокот што го освоил признанието за најдобар шести играч.
ТФТ е познат по тоа што ретко греши со странските играчи, па нема сомнеж дека Вајт ќе биде големо засилување за она што следува.


