Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дамјан Крстевски е прво засилување за Кожув во пресрет на новата сезона.
Бекот се сели во Гевгелија по две сезони поминати во Пелистер, а претходно играше и за ТФТ, Вардар и Работнички со кого во 2018 година, како 19-годишен, освои шампионска титула во домашното првенство. Своевремено еден од најталентираните македонски кошаркари треба да биде квалитетно домашно засилување за Кожув кој по завршувањето на сезоната остана без голем дел од ростерот, вклучувајќи ги странските играчи и домашните Теодор Симиќ и Никола Василевски.
Гевгелискиот клуб важи за еден од постабилните домашни клубови, последните сезони има високи амбиции, а лани играше и во финалето од Купот на Македонија.


