Вицешампионот на Шпанија, Барселона го потврди ангажманот на словенечкиот стручњак Александер Секулиќ, кој ќе седне на клупата на „блауграна“ и ќе го предводи тимот во следните две сезони.
Селекторот на Словенија доаѓа во Барселона по успешната епизода во Дубаи, со кој ја освои АБА лигата, откако во финалето беше подобар од Партизан. На клупата на каталонскиот тим ќе го наследи Чави Пасквал, кој замина во спротивна насока и го презеде Дубаи.
Секулиќ, кој од 2020 година е селектор на Словенија, во кариерата работеше и во Крка, Приморска, Нимбурк, Локомотива Кубањ и Зенит, а сега го очекува најголемиот предизвик – водење на еден од најтрофејните европски клубови.
𝗔𝗹𝗲𝗸𝘀𝗮𝗻𝗱𝗮𝗿 𝗦𝗲𝗸𝘂𝗹𝗶𝗰́, 𝗻𝗼𝘂 𝗹𝗶́𝗱𝗲𝗿 𝗱𝗲 𝗹𝗮 𝗯𝗮𝗻𝗾𝘂𝗲𝘁𝗮 𝗯𝗹𝗮𝘂𝗴𝗿𝗮𝗻𝗮. 𝗕𝗲𝗻𝘃𝗶𝗻𝗴𝘂𝘁! 💙❤️ pic.twitter.com/UDswLQavcM
— Barça Basket (@FCBbasket) July 22, 2026
Интересно е што Секулиќ ќе стане првиот словенечки тренер во историјата кој ќе ја предводи кошаркарската екипа на Барселона. Во каталонскиот клуб ситуацијата не е сјајна, најголемиот дел од играчите од претходната сезона си заминаа, а доведени се засилувања со сомнителен квалитет за таков гигант.


