Традиционално, пред секое големо младинско натпреварување, ФИБА прави список од десет кошаркари на кои треба да се обрне особено внимание.
Утре во Ријека и Опатија почнува Европското првенство Б-дивизија на кое ќе учествува и Македонија, а ФИБА на својата листа и овојпат стави еден наш кошаркар. Станува збор за крилниот играч Дамјан Данев, висок 202 сантиметри зад кого е одлична сезона во македонската Прва лига во дресот на Вардар, како и блескава иднина на кошаркарските терени.
„Данев минатата година беше најдобар блокер во македонската репрезентација на Еуробаскетот во Белград. Крилниот играч остава впечаток со својата големина и должина на екстремитети, што му овозможува да го заштити обрачот и да биде опасен во нападот преку влезови илу шутеви од полудистанца“. пишува, меѓу другото, во анализата на ФИБА.
За Данев ова ќе биде трето големо натпреварување во низа откако пред две години учествуваше на Европското кадетско првенство Б-дивизија и лани на јуниорските Еуробаскет.


