Да се биде тренер во Евролигата денес значи постојано да се работи под огромен притисок. Европската кошаркарска елита повторно покажа дека резултатите се единственото мерило, а довербата во тренерите трае сè пократко.
Во период од само една година, дури 20 тренерски промени се случија меѓу евролигашките клубови. Голем дел од екипите се одлучија за нови лица на клупата, а некои направија промени дури и во текот на сезоната, што јасно ја покажува нестабилноста на тренерската професија во најсилното европско клупско натпреварување.
Сезоната 2026/27, половина од 20-те евролигаши ќе ја почнат со нов тренер. Меѓу најзначајните промени се доаѓањето на Александер Секулиќ во Барселона, Педро Мартинез во Реал Мадрид, Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос, Ибон Наваро во Црвена звезда и Чави Пасквал во Дубаи…
Овој тренд покажува дека клубовите сè помалку имаат трпение за долгорочни проекти. И покрај големите инвестиции и амбиции, неуспехот во Евролигата често значи и крај на мандатот на тренерот, без разлика на неговото реноме или претходните успеси.
Европската кошарка станува сè поконкурентна, а очекувањата на клубовите и навивачите се поголеми од кога било. Затоа, тренерската позиција во Евролигата денес со право може да се нарече една од најризичните во професионалниот спорт.
СИТЕ ТРЕНЕРСКИ ПРОМЕНИ ВО ЕВРОЛИГАТА
Ова лето:
АСВЕЛ: Пјерик Пупе -> Тони Паркер
Барселона: Чави Пасквал -> Александар Секулиќ
Баерн: Светислав Пешиќ -> Антон Гавел
Црвена звезда: Саша Обрадовиќ -> Ибон Наваро
Дубаи: Александар Секулиќ -> Чави Пасквал
Панатинаикос: Ергин Атаман -> Жељко Обрадовиќ
Париз: Џулиус Томас -> Максим Левефр
Реал: Серхио Скариоло -> Педро Мартинез
Валенсија: Педро Мартинез -> Чави Алберт
Виртус: Ненад Јаковљевиќ -> Алекс Мумбру
Во текот на минатата сезона:
Анадолу Ефес: Игор Кокошков -> Пабло Ласо
Армани: Еторе Месина -> Џузепе Поета
Монако: Василис Спанулис -> Манучар Маркоишвили
Барса: Жоан Пењароја -> Чави Пасквал
Баерн: Гордон Херберт -> Светислав Пешиќ
Црвена звезда: Јоанис Сфаиропулос -> Саша Обрадовиќ
Дубаи: Јурица Големац -> Александар Секулиќ
Париз: Франческо Табелини -> Џулиус Томас
Партизан: Жељко Обрадовиќ -> Жоан Пењароја
Виртус: Душко Ивановиќ -> Ненад Јаковљевиќ


