Американскиот центар со македонски пасош Мозес Рајт и официјално е нов член на Олимпија Милано, откако евролигашот го потврди неговиот ангажман.
Со тоа завршија сите шпекулации околу неговата иднина, а Рајт од новата сезона ќе го носи дресот на еден од најуспешните италијански клубови. Тој требаше летово да се пресели во Барселона, дури и самиот го најави преминот во каталонскиот клуб, но поради промената на тренерот и доаѓањето на Секулиќ на местото на Пасквал, пропаднаа преговорите.
Рајт зад себе има солидно европско искуство и важи за кошаркар кој со својата физичка доминација, атлетизам и енергија може да направи разлика на двете страни од теренот. Во изминатите сезони се наметна како сигурен играч во рекетот, особено со својата игра под кошевите и во скокот.
The opponents’ rim is about to shake 🏀🔥
— Olimpia Milano (@OlimpiaMI1936) July 24, 2026
Welcome to Olimpia, Moses Wright 🤍❤️
🇮🇹 | Comunicato ufficiale 👉🏻 https://t.co/2PCEcHnu6z
🇬🇧 | Official statement 👉🏻 https://t.co/pgNclNM04w#ForzaOlimpia pic.twitter.com/yZuVP6j9r3
Во Милано очекуваат неговото доаѓање да донесе дополнителна цврстина во рекетот и поголема ширина во ростерот, со оглед на тоа што клубот и оваа сезона ќе има високи амбиции во Евролигата и домашното првенство.
Со официјалната промоција на Рајт, Олимпија Милано продолжува со засилувањето на составот во пресрет на новата натпреварувачка сезона, во која целта ќе биде борба за трофеи на сите фронтови. Кон крајот на август, Рајт би можел да дебитира за македонската репрезентација бидејќи неодамна доби државјанство.


