Очигледно е дека парите не одиграле клучна улога во одлуката на Леброн Џејмс каде ќе ја продолжи кариерата бидејќи тој реши да се пресели во Филаделфија за околу осум милиони долари за двегодишен договор.
Лејкерс му нудеа многу повеќе пари, но Леброн одлучи дека е време за промена, по осум години поминати во Лос Анџелес. Од еден од најплатените во лигата, Леброн ќе игра речиси за минималец, во обид да помогне Филаделфија да дојде до шампионската титула што би била петта за Леброн во кариерата.
Колку скромна ќе биде неговата плата, најдобар доказ е споредбата со некои НЦАА кошаркари. Претстојната сезона, Леброн ќе заработи 3,8 милиони долари, а американскиот шутер со српско потекло на Универзитетот Кентаки, Милан Момчиловиќ ќе има плата од шест милиони.
Меѓу другото, тоа е и добра потврда колку е изменета американската кошарка и колкави предности имаат сега играчите од колеџ-лигата.


