Она што синоќа се појави како шпекулација, денеска доби потврда откако Партизан го реализираше еден од најзвучните трансфери ова лето.
Аргентинскиот плејмејкер Лука Вилдоса е нов кошаркар на поранешниот европски шампион. Искусниот 30-годишен кошаркар потпиша договор на две сезони и треба да биде големо засилување за тимот во новата натпреварувачка кампања. Вилдоса пристигнува од Виртус Болоња, каде минатото лето потпиша тригодишен договор, но поради промените во клубот и откупните клаузули се отвори можност за негово заминување.
Трансферот предизвикува огромно внимание бидејќи Вилдоса претходно го носеше дресот на Црвена звезда, а сега ќе го облече оној на најголемиот ривал Партизан. Со тоа ќе стане еден од ретките кошаркари кои настапувале за двата белградски евролигаши, но прашање е како ќе биде примен од навивачите на Партизан кои секако нема да му го простат „грдото минато“. Не тоа што играше во Звезда, туку изјавите кои ги даваше во тој период и откако замина оттаму.
Argentinski reprezentativac Luka Vildoza je novo pojačanje Partizana Mozzart Bet!✊🏽
Doskorašnji igrač Virtusa je tokom karijere igrao i za Panatinaikos, Olimpijakos, Crvenu zvezdu, Baskoniju, argentinski Kuilmes, kao i NBA ligaša, Milvoki Baks.
U dresu reprezentacije… pic.twitter.com/eIg8igS456
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) July 26, 2026
“Нема никакви шанси некогаш да го облечам дресот на Партизан“, тврдеше тогаш Вилдоса кој и претходно многупати влегуваше во конфликт со „Гробарите“.
Аргентинецот во Белград доаѓа со големо евролигашко искуство и титула во Евролигата зад себе, освоена со Панатинаикос. Меѓу другото, ќе стане уште еден од плејадата кошаркари, пред се странски, кои последната деценија играле за Звезда, па за Партизан, како Милер Мекинтаер, Лесор, Пантер итн.


