Кошаркарскиот клуб ТФТ продолжува со градењето на тимот и стручниот штаб за новата сезона.
Клубот официјално потврди дека е продолжена соработката со кондицискиот тренер Мартин Реџепагиќ, кој и во следниот период ќе биде задолжен за физичката подготовка на екипата.
Реџепагиќ е важен дел од стручниот тим на ТФТ, а неговата работа, професионалниот пристап и посветеноста се едни од главните причини поради кои клубот одлучи да ја продолжи соработката. Неговото искуство е дополнителна вредност за тимот, имајќи предвид дека зад себе има ангажмани и во националните селекции на Македонија. Тој е кондициски тренер и на сениорската машка репрезентација, како и на селекцијата до 20 години.
Од ТФТ веруваат дека продолжувањето на партнерството со Реџепагиќ ќе придонесе за уште подобра физичка подготовка на кошаркарите и за остварување на повисоки цели во сезоната која следува.
Клубот продолжува активно да го комплетира тимот и стручниот штаб, со амбиција да го задржи континуитетот на развој и конкурентност во домашните и меѓународните предизвици.


