Откако ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата, македонската јуниорска репрезентација денеска ќе се обиде да ја избегне борбата за опстанок на Европското првенство Б-дивизија. Последен противник во групната фаза е Шведска, а дуелот кој почнува во 10:30 часот директно одлучува кој ќе оди во борба за пласман од 9. до 16. место.


