Поранешниот младински репрезентативец Лука Петровски е вториот играч што го продолжи договорот со Работнички за претстојната сезона.
Искусниот бек дојде во Градски парк во зимскиот период од Чаир и одигра 16 натпревари за 15-кратниот шампион со ефект од 7 поени по меч, но неговото присуство се почувствува во тешките моменти кога Работнички едвај крпеше екипа за настап. Неговиот придонес на теренот никогаш не беше доведен во прашање и тоа беше клучно за клубот да одлучи да ја продолжи соработката со него.
Пред Петровски, договорот со Работнички го продолжи и Дамјан Робев, а нови играчи во екипата се Фатјон Реџа од Чаир и Дерин Говенс од ТФТ.


