Женската јуниорска репрезентација на Македонија го доживеа и четвртиот пораз на Европското првенство Б-дивизија откако попладнево загуби од Словачка со 65-80.
Пресуди второто полувреме во кое нашите кошаркарки постигнаа само 21 поен откако првото го добија со 44-43. Македонија отвори со 8-0, подоцна водеше и со 17-9, а до крајот на полувремето само два пати беше во негатива и тоа со по еден пораз разлика.
Се се смени по паузата кога словачките кошаркарки комплетираа серија од 10-0 за преземање на водството со 50-44, Македонија успеа да израмни на 52-52, но со уште седум поени по ред Словачка отиде на 59-52. Во последниот квартал противникот отиде на двоцифрена предност и ги реши сите дилеми околу победникот.
Ива Колева повторно беше најдобар во нашиот состав, сега со 22 поена, а само упте Милосављевиќ беше двоцифрена, со 10.
Македонската репрезентација сега продолжува во борба за пласман од 17. до 20. место, заедно со Азербејџан, Естонија и Норвешка.


