Репрезентацијата на Хрватска покажува зошто е еден од фаворитите за титулата на Б-Европското првенство што се одржува во Македонија.
Денеска, во рамките на второто коло, „коцкестите’ го прегазија аутсајдерот Кипар со 107-33 што е највисока победа во досега. Интересно е тоа што Хрватите го имаат и вториот најубедлив триумф на шампионатот, вчера против Швајцарија со 54 поени разлика (101-47). Денешната победа ја оствари без својот најдобар играч Лука Лени Укиќ кој доби поштеда, а во негово отсуство блесна Вито Сарин кој постигна 32 поена и оствари индекс 42, за еден повеќе од македонскиот репрезентативец Дион Шабани.
Хрватска утре игра против Македонија и тоа ќе биде исклучително силен тест за нашата репрезентација.


